Новиот спортски директор на Њу Орлеанс пеликанс, Давид Грифин, најави дека ќе се обиде да го задржи во тимот Ентони Дејвис со цел да почне изградба на тим што може да атакува на титулата во НБА-лигата.
Тоа би бил шокантен пресврт, ако се реализира, бидејќи Дејвис во февруари најави дека сака да си оди. Трампата со Лос Анџелес тогаш не успеа, па на некој начин Ентони беше казнет со скратена минутажа, а постојано беше исвиркуван од своите навивачи.
Може да биде слободен агент летово и да замине во друг клуб, но Грифин е успешен директор и се надева дека ќе го убеди крилниот центар на Олстар да остане.
Сегашниот спортски директор на Пеликанс е творецот на шампионскиот тим на Кливленд, кој предводен од Леброн Џејмс, Кајри Ирвинг и Кевин Лав ја освои титулата во НБА лигата во 2016 година.