Ќе има ли спектакл за крај на летото – Барди се сели на „Олимпико“ во Лацио?

Летниот преоден рок сè уште не е завршен, има уште десетина дена за трансфери, а за крај може да се случи вистинска бомба за македонски услови и Енис Барди да се пресели на „Олимпико“ во редовите на Лацио.

Оваа варијанта ја најави „Кориере дело спорт“, но во овој преоден рок е можна само ако Сергеј Милинковиќ-Савиќ си замине од Лацио.

Барди е во фокусот на Лацио подолг период, го споредуваат со Лука Модриќ, а Игли Таре, кој е спортски директор, е голем почитувач на стилот на игра и на квалитетите на нашиот репрезентативец.

Конкуренција на Барди му беше Јусуф Јазичи, екстра талентираниот турски репрезентативец, но тој пред две седмици потпиша за Лил, па не е опција за засилување на Лацио.

- Оглас -

Најнови вести