Јубилејното 10-то коло на Спортска прогноза е посебно атрактивно. Голем број дерби-мечеви се дел од 13-те понудени натпревари што треба да ги погодат играчите на Спортска прогноза. В недела, на 24 октомври е фудблаското шоу, кога се играат неколку големи дерби-дуели.
За многумина дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид е најголемо дерби во светот. На „Камп ноу“ ќе се игра популарното Ел Класико, а како ретко кога, прогнозерите не веруваат во победа на Барселона иако игра на свој терен. Ни 20 отсто нема од тие што типувале „кец“, а речиси 60 отсто веруваат во триумф на Реал Мадрид.
Ајакс во Амстердам е домаќин на ПСВ Ајндховен, а огромна е довербата на прогнозерите дека актуелниот првак ќе се радува на „Амстердам арената“. Дерби ќе има и на „Олд Трафорд“, каде што доаѓа најголемиот ривал на Манчестер јунајтед, а тоа е Ливерпул. И тука, слично како на Барселона – Реал, фаворитската улога ја имаат гостите, но, сепак, не е толку изразена како на „Ел Класико“.
Ова коло на Спортска прогноза ќе се комплетира со две големи дерби-дуели во Италија. Рома е домаќин на Наполи, а гостите се единствениот клуб во Топ 5 лигите што има перфектен биланс. Во вечерниот термин се игра „Дербито на Италија“, а Интер е домаќин на Јувентус.
Ако успеете да ги погодите сите 13 пара од ова коло на Спортска прогноза, главната премија е мобилен телефон „ајфон 12“. Вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари следуваат за сите оние кои ќе имаат по 12 и 11 погодени фиксови.