Ќе има ли тажен крај на бајката наречена Жирона: Шпанскиот тим поради Сити може да остане без настап во ЛШ

Екипата на Жирона е најпријатното изненадување сезонава во Топ 5 лигите. Малиот тим од Каталонија имаше фантастична сезона и го осигури третото место на табелата, кое води во Лигата на шампионите за следната сезона.

Иако со игрите на теренот Жирона обезбеди и заслужи да игра во елитната лига на УЕФА, може да се случи овој клуб да не добие дозвола за настап во ЛШ. Причина за тоа е Манчестер сити.

Жирона и англискиот гигант имаат ист сопственик, а УЕФА не дозволува ист сопственик со два или повеќе клуба да учествува во исто натпреварување. За да остане Жирона со право за настап во Лигата на шамппионите, треба да случи конзорциумот „Сити груп фудбал“ да го намали својот сопственички дел во шпанскиот тим. Моментално овој конзорциум поседува 47 отсто од акциите на Жирона, а според правилата на УЕФА, не смее да има повеќе од 30 отсто од акциите за да нема проблем да игра во исто натпреварување со Манчестер сити.

Рокот кој УЕФА го постави за намалување на делот кој овој конзорум го поседува во Жирона е 3 јуни, односно малку помалку од 20 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести