Ќе има „лудо“ осминафинале: Челзи – Манчестер ј. и Ливерпул – Арсенал

Два супер дерби-меча ќе има во осминафиналната фаза од Лига купот на Англија. Челзи ќе игра против Манчестер јунајтед на „Стемфорд бриџ“, додека Ливерпул на свој терен ќе го пречека Арсенал. Мечевите се играат на 29 октомври.

Ливерпул и Арсенал по 1-ти пат ќе играат меѓу себе во Лига купот, што е најчест пар во историјата на ова натпреварување.

Во останатите средби: Астон вила – Вулверхемптон, Бартон – Лестер, Кроули – Колчестер, Евертон – Ватфорд, Манчестер сити – Саутхемптон, Оксфорд – Сандерленд.

Интересно е што во четврт-финалето сигурно ќе има еден тим од Лига 2, односно четвртата лига по ранг во Англија, бидејќи меѓу себе ќе играат Кроули и Колчестер.

 

- Оглас -

Најнови вести