8483 Вашингтон визардс – Чикаго булс (НБА, 01 часот)
И двете екипи имаа посакуван старт во новата сезона во НБА-лигата и со победи го почнаа новото издание на насјилната кошаркарска лига на светот.
Вашингтон очекувано ја победи Индијана на гости со 114:107, а голем подвиг приреди Чикаго со триумф на гости кај Мајами со 116:108.
И двете екипи некако се проектирани да играат „ран-енд-ган“ кошарка, односно да играат исклучителмно брзо, а имаат и топ-кошаркари за таков стил.
Бредли Бил и Кајл Кузма диктираат темпо кај Визардс, потпомогнати од одличниот висок играч Кристапс Порзингис, па тимот од главниот град е кандидат за плејоф.
Истите амбиции ги има и Чикаго, а Биковите имаат Олстар-калибар во Демар де Розан и Никола Вучевиќ, потмогнати од Карузо, Досунму и уште неколку добри НБА-кошаркари.
Дуелите на овие два тима во последно време се многу ефикасни и типуваме дека заедно ќе постигнат повеќе од 224 поени.
Предлог тип: >224.5 поени (1.91)
8488 Њујорк никс – Орландо меџик (НБА, 01.30 часот)
Никс одлично се држеа во премиерниот меч против фаворизираниот тим на Мемфис гризлис, но загубија по продолженија, а Орландо меџик им е како порачан состав за рехабилитација и прва победа во новата сезона.
Њујорк преклани конечно по 7 сезони пост, играше во плејофот и атмосферата во култниот „Медисон сквер гарден“ беше луда, што само покажува колку на НБА-лигата ѝ недостасува силен тим од Големото Јаболко.
Сега Никс имаат многу солиден тим со Рендл, кој е лидер, потоа и со Фурние, Берет, Робинсон, а пристигна и бекот на Далас, Брансон.
Орландо е рангиран како еден од аутсајдерите и во оваа сезона и тие почнаа со пораз, а сега постепено градат тим за камбек во горниот дом во НБА-лигата.
Фантастичниот дебитант Паоло Банкеро уште на стартот покажа дека ќе биде иднината на силен Орландо, но Њујорк во моментов е пресилен за Меџик и ќе победи.
Предлог тип: 1 (1.45)
8545 Бен Симонс (Бруклин – Торонто, 01.30 часот)
Како што игра Симонс, тој е една од најголемите утки во НБА-лигата, а од најава за Олстар-формат и многу сестран играч се претвори во просечен кошаркар што правеше многу проблеми во Филаделфија 76, а и сега во Бруклин игра потпросечно.
Олраунд-кошаркарот што може да игра на неколку позиции некако не успава да се оттргне од сивилото што го зафати, а една од големите причини за тоа е слабиот шут.
Тоа му беше Ахилова пета и во најавата за блескавата кариера, а Симонс како и да не работи на поправање на своите мани.
Бруклин почна со голем дебакл и стартен пораз со 108:130 од Њу Орлеанс пеликанс, а Симонс имаше слаб учинок од само 4 поени.
Предлог тип: < 9.5 поени (1.80)
8548 Џа Морант (НБА, Хјустон – Мемфис, 02 часот)
Џа Морант блеска постојано откако пред четири сезони се појави во НБА-лигата и бекот на Мечките секој циклус само ги подобрува бројките и се наметнува камо една од главите ѕвезди во ѕвездената лига.
Лани имаше просек од 27,4 поени, претходно имаше 20,1 поен по меч, а во деби-сезоната уфрлаше по 18,1 поен на натптревар.
Сега тргна со 34-ка против Њујорк никс, а се чини дека за таков брз, експлозивен и скочен бек каков што е Џа со неверојатни движења, нема лимит ниту во најсилната кошаркарска лига.
На него се темелат големи амбиции во Мемфис, а очекуваме и оваа ноќ Морант да постигне над 30 поени против Хјустон рокитс.
Предлог тип: > 28.5 поени (1.85)
8386 Колорадо авеланш – Сиетл кракен (НХЛ, 03 часот)
Актуелниот првак во НХЛ, Колорадо авеланш, како да се подзамори од напорниот плејоф, па тргна во новата сезона со половичен успех.
Шампионот има по две победи и порази, а дуелот со Сиетл кракен им е шанса да тргнат кон врвот во Западната конференција.
Гостите се најтазе тим што е приклучен во НХЛ-лигата и некако како уште да се прилагодуваат на условите во најсилната хокејска лига на светот.
Таму има играчи што претходно играа речиси во сите екипи во Лигата бидејќи според правилата НХЛ, екипите мора да му понудат на новакот во Лигата хокеари што според взаемен договор би играле за Сиетл.
Колорадо го има речиси истиот тим од ланската сезона, кога на убедлив начин стигна до титулата и типуваме дека ќе го победи Сиетл.
Предлог тип: 1 (1.60)