24.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Ќе има НБА-шоу: Од вкупно 13 меча, домаќините се фаворити дури на 10

Богата е НБА-понудата за полноќните возбудувања на вкупно 13 натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот. Шампионот Денвер ќе треба да ја прекине мини-серијата од два порази, дома игра против Сакраменто. Гостите се еден од ривалите кои „не му лежат“ на Денвер затоа што Сакраменто победи на двата меча кои сезонава ги одиграа, што треба да е дополнителн мотив за домаќинот.

Голден стејт има девет победи помалку од Лос Анџелес клиперс, но Воините кои наредија пет победи во низа, сега на свој терен се фаворити. Од сите 13 натпревари кои се играат ноќеска, дури на 10 во улога на фаворити се јавуваат домаќините.

Единствените гостински екипи од кои се очекува со поголема веројатност да се радуваат се: Атланта кај Шарлот, Индијана на гостувањето кај Торонто и Хјустон, кој игра на теренот на Мемфис.

Кога има 13 меча, понудата за кошаркари на „плус-минус“ поени е огромна, па и шансата да се одберат вистинските комбинации е поголема. Преку 60 кошаркари се дел од денешната понуда.

 

- Оглас -

Најнови вести