Ќе има реприза од Русија – Србите ќе ѝ дадат гол на Швајцарија во првото полувреме, Квотите на денот се џам со коефициент 74 (Фото)

Квотите на денот стандардно во овој период се составени со натпревари од Мундијалот во Катар, а денеска има две интересни репризи од претходните Светски првенства.

Гана и Уругвај пак ќе играат меѓу себе во многу важен меч, откако во 2010 година во драматично четвртфинале Урусите на пенали ја елиминираа африканската селекција.

Сега пак играат за пласман во нокаут-фазата, а предлог во Квотите на денот е да се одигра на победа на Уругвај и дека ќе има барем еден гол во второто полувреме.

За варијантата 2&1+ второ, коефициентот во Квотите на денот во Sport Life е 2.35.

Втората реприза е потазе, но и таа ќе биде жешка, а играат Србија и Швајцарија.

На претходното СП во Русија пред четири години, Швајцарија со пресврт со головите на Џака и на Шаќири ја победи Србија, иако губеше по првото полувреме по голот на Митровиќ.

Тогаш имаше многу тензии, но сега се очекува витешка битка и реприза на теренот, односно дека Србите пак ќе успеат да дадат гол во првото полувреме.

За играта Т1 1+ полувреме, коефициентот е 2.30, а мечот се игра од 20 часот.

Јужна Кореја и Португалија имаат сосема различна позиција пред стартот на последниот меч за нив во фазата по групи.

Роналдо и соиграчите веќе се пласираа во нокаут-фазата, а им треба реми за да бидат сигурно први.

Јужна Кореја може да испадне и со победа, па јасно е дека нема да има калкулации и добар избор е да се одигра 1+I&3+ со коефициент 2.20.

Бразил игра моќно и по две кола си обезбеди осминафинале, а денеска игра со Камерун за заверка на првото место во Г групата.

Камерун има шанси за подвиг и настап во осминафиналето, но Кариоките се импресивни, па логично е да се одигра Т21+I&1+II со квота 2.30.

Единствениот меч што не е од Мундијалот е меѓу Ипсвич и Флитвуд таун во Англија и тука предлог во Квотите на денот е да се одигра 1&T13+ со коефициент 2.70.

Сите пет натпревари од Квотите на денот може да се играат на ист тикет и имаат вкупен коефициент 73.8 во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести