Вакво шоу во НБА-лигата не се гледа секоја вечер. Дури 14 натпревари ќе се одиграат во полноќниот термин, што значи дека 28 од вкупно 30 екипи ќе бидат на теренот. Едноставно, понудата е огромна, а има предизвик и за оние кои сакаат да одиграат „сигурици“, но и за оние кои веруваат дека може да ги погодат победниците на средбите кои се најавуваат како понеизвесни.
На пет натпревари не треба да има многу неизвесност затоа што за победи на домашните екипи квотите се под 1.40. Како „сигурици“ ги предвидуваат победите на Кливленд, Орландо, Бостон, Хјустон и Денвер.
Интересно е дека од 14-те средби, само на две има гостински екипи кои се „фаворити на хартија“, а тоа се Оклахома и Сан Антонио.

Над 130-мина кошаркари се дел од понудата за „плус-минус“ поени, што значи дека многу полесно би требало да биде да се најдат неколку играчи кои нема да разочараат.


