29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Ќе има шоу во Белград, Зеница и Будимпешта, Франција и Норвешка нема да имаат милост

6782 Унгарија – Португалија (20:45 ч.)

Португалија е главен фаворит за првото место во групата од квалификациите за СП, а токму Унгарија им е најголема опасност. Традицијата вели Унгарија никогаш не ја победила Португалија. Во 10 меѓусебни дуели, Португалија има осум победи и две ремија.

Двете екипи негуваат офанзивен фудбал и сигурно дека треба да има погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.07)

 

6779 Босна и Херцеговина – Австрија (20:45 ч.)

Дерби за првото место во оваа група. БиХ има перфектни 12 бода од четири меча, а Австрија е со девет бода од три средби. Досега овие селекции одиграле пет меча, а двете селекции имаат по една победа, додека трипати било нерешено. Сите пет меча завршиле со максимум два гола, што значи дека еден момент може да биде решавачки.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.40)

 

6783 Србија – Англија (20:45 ч.)

Дуел на две селекции кои уште немаат примено ниту еден гол во квалификациите. Англија е со максимални 12 бода од четири меча, а Србите се со седум бода од три дуели.

Во Србија владее голема еуфорија, но јасно е дека гостите се фаворити. Последен пат меѓу себе играа на ЕП 2024 и Англија славеше со 1:0.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.00)

 

6706 Франција – Исланд (20:45 ч.)

Ова треба да биде лесна победа на Франција, иако не е за потценување дека Исланд славеше со 5:0 над Азербејџан само пред четири дена. Дембеле и Дуе нема да играат за Галските петли, но тие имаат толку многу добри играчи, што секако ќе се најде соодветна замена.

Франција има осум победи и две ремија во последните 10 средби со Исланд. Тука треба да се очекуваат погодоци, а секако дека во фокусот ќе биде да се тресе мрежата на гостите.

Предлог тип: Т1 1-2 I & 1-2 II (2.55)

 

6784 Норвешка – Молдавија (20:45 ч.)

Еуфорија владее кај Норвежаните кои се перфектни со четири победи и сега едноставно јасно е дека ќе слават над селекцијата што има четири порази во групата. Само пред шест месеци, Норвешка со 5:0 славеше на теренот во Молдавија, па сега може да се очекува само нова голеада.

Предлог тип: T1 4-6 (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести