Динамо Киев – АЗ Алкмар (19 ч.)
Предноста треба да биде на страната на Динамо затоа што игра на свој терен, но и затоа што во Украина речиси еден месец помина од стартот на сезоната, додека АЗ Алкмар во последните шест месеци има одиграно само еден официјален дуел.
Откако се прекина ланското првенство во холандското првенство во март, АЗ Алкмар одигра дуел од натпреварувачки карактер само против П’лзењ во претходното коло од Лигата на шампионите и на среќен начин помина понатаму. АЗ Алкмар даде гол во 95-тата минута за да израмни на 1:1, а потоа во дополнителните 30 минути победи со 3:1.
Динамо пред 20 дена го освои Суперкупот на Украина откако со 3:1 го победи Шахтар и покажа дека е подготовен за големи предизвици.
Предлог тип: 1 (2.30)
ПАОК – Бенфика (20 ч.)
Овие две екипи стекнаа ривалство затоа што во последниве 20-тина години одиграле шестпати. Бенфика има одлични спомени од гостувањата кај ПАОК затоа што три пати играле во Солун и трипати победувале. ПАОК има само една победа над овој ривал, но Грците во сите три двомечи против Бенфика на крајот биле елиминирани.
Тоа што е карактеристично е дека нема меч кој завршил 0:0, па и сега се очекува да има погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)
Гент – Рапид Виена (20:30 ч.)
Дуел на две екипи кои реално немаат шанси да бидат дел од групната фаза од ЛШ, но сигурно сега ќе сакаат да ја искористат шансата да одат понатаму. Рапид е во одличен ритам затоа што победи на 10 од последните 11 натпревари, а само на два не било 3+.
И Гент е тим кој дава и прима погодоци, па може да очекуваме дуел со повеќе голови.
Предлог тип: ГГ3+ (2.12)
Монпелје – Лион (21 ч.)
Двата тима ефикасно го започнаа првенството. Според резултатите, Монпелје на последните осум меча, дури седумпати играл со 3+, а шестпати било гол-гол. И традицијата од меѓусебните дуели е најава за интересен меч затоа што на седум од последните девет дуели двата тима давале гол.
Гостите ја имаат фаворитската улога, а ова најверојанто ќе биде и последниот меч за голгетерот Мемфис Депај. Првата ѕвезда на Лион го договори трансферот во Барселона и веќе го очекуваат на „Камп ноу“.
Предлог тип: Х2&2-4 (2.00)
Лидс – Хал (20:45 ч.)
Екипата која направи шоу во првото коло од Премиер лигата е Лидс. Повратникот во елитното друштво покажа дека нема да се плаши од никого, а тоа го почувствува и шампионот Ливерпул, кој прими три гола на „Енфилд роуд“, но на крајот сепак фаворитот среќно победи.
Лидс сега игра во меч од Лига купот и не треба да има проблеми против Хал.
Предлог тип: 1 (1.45)