САД – Мексико (2:30 ч.)
Пред два месеца, овие две селекции играа во финалето на Голд купот, а Мексико на теренот на Американците се радуваше на триумф од 1:0 и го освои златото. Сега, мечот е пријателски и сигурно дека може да очекуваме поотворена игра од двете страни.
Мексико нема пораз на последните 10 меча и сигурно ќе сака таа серија да продолжи и против големиот ривал, но за Американците ќе биде сатисфакција да им донесат радост на своите фанови против Мексико.
Предлог тип: ГГ3+ (2.50)
Бразил – Колумбија (2:30 ч.)
Јужноамериканскиот шампион Бразил го игра првиот меч по освојување на титулата на Копа Америка. Кариоките се во одлична серија и имаат 13 победи и само три нерешени во последните 16 меча. Колумбија е ривал, па затоа на последните 11 меча разликата во резултатот не била со повеќе од еден гол.
На овој меч се очекува враќање на Нејмар. Бразилската ѕвезда паузираше четири месеци поради повредата здобиена на пријателскиот меч против Катар во мај и ја пропушти Копа Америка. Селекторот на Бразил, Тите, вели дека Нејмар е подоготвен за предизвикот, а тоа значи дека може да очекуваме шоу на теренот.
Предлог тип: 1&3-5 (2.88)
Костарика – Уругвај (4:00 ч.)
Уругвај е фаворит, но Костарика покажа дека го знае „лекот“ за овој противник. Во последните три меѓусебни средби, Костарика се радува на победи. Двете екипи треба да играат во најсилните состави, а фактот дека на шест од последните осум меѓусебни средби двата тима постигнале гол, најавува интересен дуел.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)
Беретини – Надал (00:00 ч.)
Ова е судир на генерации. Беретини како осумгодишно момче го гледал Надал како освојува АТП-турнири, а сега, 15 години подоцна игра против него во борба за влез во финале на Гренд слем турнир. Младиот италијански тенисер потврди дека има сила и психа да се носи со поискусните, па во четвртфиналето, во пет сета го елиминираше Вавринка.
Сепак, Надал е ниво над Вавринка, па едноставно Шпанецот е фаворит за влез во финалето, но се очекува да има интересен меч кој ќе трае повеќе од три сета.
Предлог тип: 2&>30,5 (2.00)