Ќе има шоу во Удинезе, каде што гостува Наполи, Манчестер јунајтед во улога на аутсајдер, а игра со Брајтон

1003 Брајтон – Манчестер јунајтед (21 ч.)

Делува по малку нереално дека Брајтон е фаворит за победа против Црвените ѓаволи, но факт е дека на последните две лигашки пресметки токму Брајтон победуваше (2:1, 4:0), а пред 10-тина дена во полуфиналето на ФА купот беше 0:0 по 120 минути, па потоа Манчестер победи на пенали.

Брајтон игра офанзивен фудбал и сезонава има дадено дури 12 погодоци повеќе од Манчестер, па сигурно може да се очекува отворен дуел.

Предлог тип: ГГ3+ (1.82)

 

3010 Удинезе – Наполи (20:45 ч.)

Само еден бод треба да освои Наполи за да може да каже дека и официјално е првак во Италија. Удинезе е тим кој е сигурен на средината од табелата и сигурно ќе игра без многу притисок, но со желба да го расипе шампионското славење на гостите.

Во ситуација кога домаќините немаат голем притисок, а гостите се фаворити, треба да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.98)

 

1360 Рајо Ваљекано – Ваљадолид (22 ч.)

Со 55 примени гола од 32 кола, Ваљадолид ја има третата најслаба одбрана во лигата во Шпанија. Рајо игра променливо, па откако ја победи Барселона, загуби од Елче, кој сигурно ќе испадне од лига.

Тимот од Мадрид пред своите навивачи сигурно нема да си дозволи луксуз да загуби, иако на гостите бодовите им се попотребни.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.90)

 

2607 Варберг – Малме (19 ч.)

Перфектен е Малме со пет победи во првите пет кола од шведското првенство. За разлика од Малме, Варберг е без победа, но интересно е дека има дури четири нерешени средби, што покажува дека се работи за жилав ривал.

Во претходните две сезони, Малме има три победи и едно реми со овој ривал, а интересно е дека на пет од нивните вкупно седум дуели било ГГ3+. Тоа значи дека и сега голови нема да изостанат, а секако повеќе треба да ги има во мрежата на домаќините.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+II (2.17)

 

2836 Копенхаген – Нордсјиланд (19:30 ч.)

Ова е реванш-меч од полуфиналето во Купот на Данска. Нордсјиланд дома победи со 3:2, но Копенхаген сега на свој терен е во улога на фаворит. На седум од последните 10 средби на овие два клуба, погодоци имало во мрежите на двата голмани.

Се очекува победа на домаќините, но сигурно дека Нордсјиланд нема предвреме да се предаде.

Предлог тип: Х-1 (4.35)

- Оглас -

Најнови вести