Барселона против Наполи е дербито на ждрепката во плејофот во нокаут-фазата од Лигата на Европа. Каталонскиот гигант како третопласиран во Лигата на шампиони ќе продолжи во второто по ранг натпреварување на УЕФА, а таму за прв ривал го доби Наполи на Елиф Елмас. Првиот меч ќе се игра на „Камп ноу“, а реваншот ќе биде во Неапол.
Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми со својот Динамо Загреб ќе играат против Севилја, клубот кој е најтрофеен во ова натпреварување. Бобан Николов со Шериф Тираспољ ќе игра против Брага.
Првите мечеви од плејофот на нокаут-фазата во Лигата на Европа ќе се играат на 17 февруари, а реваншите се закажани за 24 февруари. Финалето во Лигата на Европа ќе биде на стадионот „Мануел Писхуан Санчес“ во Севилја на 18 мај 2022 година.
Двојки за осминафиналето:
Севилја – Динамо Загреб
Аталанта – Олимпијакос
Лајпциг – Реал Сосиедад
Барселона – Наполи
Зенит – Бетис
Борусија Дортмунд – Ренџерс
Шериф Тираспољ – Брага
Порто – Лацио