Грчкиот Олимпијакос е противникот на Охрид во четвртфиналето од Европскиот ракометен куп на ЕХФ. Тоа значи само едно – ќе има вистински спектакл крај езерото.
Првиот меч се игра во Пиреја последниот викенд од март, додека реваншот е во Охрид првиот викенд од април.
Познато е и против кого би играл Охрид доколку го мине Олимпијакос, а тоа ќе биде подобриот од мечот помеѓу Цеље Пивоварна Лашко и Бузау.


