Ќе има спектакл: Македонија во група со Грција во квалификациите за ЕП 2028 (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија имаше поволна ждрепка, па може да се очекува дека ќе го продолжиме континуитетот настапи на големите натпреварувања. Иако, во моментов сме насочени кон баражот за пласман на Светското првенство против Словачка, веќе беше извршена ждрепката за квалификациите за пласман на континенталниот собир во 2028 година.

Македонија беше во вториот шешир и има отворен пат за пласман на Европското првенство, бидејќи за противници од послабите шешири ги добивме селекциите на Грција и Луксембург.

Јужниот сосед е гаранција за спектакл во Скопје, а Луксембург е селекција против која имаме максимален број на победи во досегашните дуели.

Последниот противник за нашите ракометари во квалификациската група „8“, воедно и најтежок противник, е селекцијата на Шведска.

Квалификациите започнуваат на есен, кога ќе се одиграат два меча пред Светското првенство, а останатите четири дуели се играат пролетта 2027 година.

Пласман на Европското првенство 2028 во Шпанија, Португалија и Швајцарија ќе обезбедат по две најдобри селекции од осумте групи, како и најдобрите четири третопласирани репрезентации.

- Оглас -

Најнови вести