20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Ќе има спектакл во финалето на ракометниот турнир

Ракометната репрезентација на Данска ќе игра во финалето на Олимписките игри против Франција. Галските петли утрово се изборија за настап во мечот за златото, додека Данците предмалку со 27:23 го добија дуелот против Шпанија.

Микел Хансен беше незапирлив за шпанската одбрана. Херојот на Данска постигна дури 12 погодоци и е најзаслужен што неговата репрезентација ќе игра во финалето.

Данците имаа постојана контрола на резултатот и во ниту еден момент не дозволија Шпанија да дојде во водство. На средината од првото полувреме беше 10:6, а оваа предност од четири гола остана и на полувреме (14:10). Предноста од четири гола беше и на 19:15, а Шпанија во финишот на мечот стигнаа само на еден гол негатива (21:22), а Душебаев промаши напад за израмнување.

Во финишот, Данска заигра подобро и на крајот стигна до победа од 27:23 за место во финале, каде што ќе играат против Франција. Финалето ќе биде реприза од финалето на ЛОИ во Рио во 2016 година. Франција има една титула на ЛОИ и две светски и европски најсјајни одличја.

- Оглас -

Најнови вести