15.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Ќе има спектакл во Синсинати: Алкарас победи и му се придружи на Синер во финалето

Карлос Алкарас му се придружи на Јаник Синер во финалето на турнирот во Синсинати и најави дека љубителите на тенисот ќе гледаат вистински спектакл. Најдобрите двајца тенисери во моментов по четврти пат сезонава ќе играат меѓусебе.

Шпанецот го пласман во финалето дојде откако го совлада Александер Зверев со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-3, за 105 минути игра.

Германскиот тенисер во првиот сет го загуби седмиот гејм на свој сервис, додека вториот сет започна со по еден брејк на двете страни. Сепак, Алкарас беше подобар во финишот и со два брејка во седмиот и деветтиот гејм дојде до 6-3 и пласман во финалето.

- Оглас -

Најнови вести