30.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Ќе има телевизиски пренос од Лозана – Вардар

Јавниот национален сервис обезбеди пренос за кој сигурно ќе има голем интерес, па вечерва на Македонската радио-телевизија ќе може сите љубители на фудбалот да го проследат реванш-мечот Лозана – Вардар од квалификациите во Конференциската лига.

Мечот на којшто најтрофејниот македонски клуб брани предност од 2-1 и брка место во следната рунда квалификации се игра со почеток во 20.15 часот и сликата од дуелот ќе биде достапна за сите, без потреба да се пребаруваат линкови по интернет.

Ова е добра вест за сите кои сакаат да го гледаат мечот, а не се во можност да бидат на трибините на стадионот во Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести