Ќе има турско-грчка „војна“ на теренот во Истанбул, Барса и Олимпијакос треба да победат

Три мечеви со кои ќе се кокмплетира петото коло на кошаркарската евролига се играат вечерва, а дербито ќе биде во Истанбул, каде што Фенербахче е домаќин на Панатинаикос. За тоа колку се неизвесни и непредвидливи дуелите на овие ривали, покажува и фактот дека на последните девет пресметки, двете екипи имаат по четири победи во регуларниот дел и едно нерешено (по продолжение славел Фенербахче).

На останатите два меча, треба да биде попредвидливо. Барселона, која го преживеа пеколот во Белград и победи против Црвена ѕвезда, сега на свој терен е голем фаворит против Асвел Вилербан. Сепак, Каталонците мора да бидат претпазливи затоа што меѓусебните дуели покажуваат дека од последните 10 пресметки, по петпати се радувале двата клуба.

Олимпијакос гостува кај Баерн Минхен и грчкиот тим е голем фаворит да ја продолжи одличната низа која ја има од седум победи со овој ривал.

Во понудата има и безмалку 60 различни опции за „плус-минус“ на поени, скокови и асистенции на кошаркарите кои вечерва ќе се појават на еволигашките пресметки.

- Оглас -

Најнови вести