Ќе има вечно дерби крај езерото: Еурофарм Пелистер е вториот финалист на „Струга 2024“

Актуелниот македонски ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, е вториот финалист на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, откако вечерва буквално го декласираа грчки ПАОК со 36-20. Битолчани од првата до последната минута диктираа темпо и имаа предност, со што му покажаа на противникот кој е кој моментално во ракометот.

Патникот во финалето беше одлучен уште во првиот дел, кој им припадна на ракометарите на Еурофарм Работник со убедливи 19-6. Тоа значи дека утре во Струга ќе се одигра вечното ракометно дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, двете најтрофејни екипи на турнирот. Вардарци имаат дури 14 трофеи од најстариот ракометен турнир во Европа, додека битолчани 12-пати се радувале на трофејот.

Во натпреварот за третата позиција ќе играат Ескилстуна и ПАОК, додека Струга и Тиквеш ќе играат за избегнување на „фенерот“.

- Оглас -

Најнови вести