Ќе испадне ли Селта со двајца стрелци во топ-10?

Селта Виго ќе бие тешка битка за опстанок, а ако испадне ќе биде вистински раритет во европскиот фудбал, бидејќи има двајца врвни стрелци во Топ-10 во шпанската Ла Лига.

Едниот, Јаго Аспас моментно не игра, а досега постигна 10 гола и неговото отсуство се чувствува. Без него на  четири меча Селта претрпе исто толку порази, па на „Балаидос“ едвај го чекаат враќањето на капитенот и најдобар стрелец на тимот.

Во негово отсуство се мачи и Макси Гомез, седмиот стрелец во Лигата со девет голови. Осум од нив ги постигна кога партнер во нападот на Селта му беше Аспас, а на четири меча без капитенот, Уругваецот само еднаш погоди и тоа од пенал.

Двајцата заедно постигнаа 19 голови, повеќе од половина на цел тим на Селта, екипа шпто досега даде 33 голови на 21 меч во шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести