Марк Маркес има сезона со многу повреди и малери и повторно ќе пропушти трка во Мото ГП откако падна на тренинг и има потрес на мозокот.
Шпанецот победи на двете последни трки во најсилната мотокласа, но ќе нема шанса за хет-трик и од превентивни причини одлучено е да ја пропушти трката за Големата награда на Португалија закажана за во недела, од 14 часот.
Маркес сезонава победи на три трки и моментно е на шестата позиција во Генералниот пласман. Титулата веќе ја освои Фабио Квартараро, и тоа пред десеттина дена.
Марк е третиот најтрофеен возач во Мото ГП класата со шест титули, само зад Џакомо Агостини со 8 шампионски круни и Валентино Роси со 7 пехари во најсилната класа.