1009 Тотенхем- Њукасл (17:30 ч.)
Дуел на две цврсти екипи кои ретко губат. Тотенхем има само два порази во 11 меча, а Њукасл е само со еден пораз сезонава. Со само девет примени гола, Њукасл ја има најдобрата одбрана во Англија, па Тотенхем кој во просек дава по два гола на меч дефинитивно ќе има предизвик да го скрши бедемот на гостите.
Традицијата вели дека голови треба да се очекуваат затоа што на последните пет меча на овие два клуба секогаш било „гол-гол“, а дури четири пати и ГГ4+.
Предлог тип: ГГ4+ (3.50)
3007 Аталанта – Лацио (18 ч.)
Дуел на двете екипи со најдобри одбрани во Серија А сезонава. Лацио прими само пет, а Аталанта шест гола. Аталанта сезонава е без пораз (седум победи и три реми), додека Лацио е со биланс од шест победи, три реми и само еден пораз.
Малку неверојатно, но факт е дека на шест од последните седум дуел на овие два клуба било со комбинација ГГ4+, па не чудат резултатите (2:2, 1:3, 3:2, 1:4, 3:2 и 3:3).
Предлог тип: ГГ4+ (3.15)
1809 Херта – Шалке (17:30 ч.)
Две екипи кои разочарувачки почнаа и имаат само по една победа во 10 кола во Бундеслигата. Шалке има многу слаба одбрана што треба да биде адут а домаќините да нападнат.
На пет од последните шест дуели на овие два тима имало барем по три погодоци, а во Германија типично е да има дуел со повеќе погодоци. За Херта ова е меч кој мора да се добие, а во една таква ситуација предноста е за домаќинот.
Предлог тип: 1&3+ (2.60)
1309 Барселона – Атлетик Билбао (21 ч.)
Барселона не смее да дозволи кикс дома, ако сака да го задржи чекорот од Реал Мадрид во Примера дивисион. Тимот од Билбао секогаш бил опасен ривал, па не случајно Барселона има само пет победи во последните 10 меѓусебни дуели (Атлетик е со две победи, а три меча завршиле нерешено).
Тоа што е важно е дека во последните 10 дуели секогаш имало возбудувања и погодоци, па така треба да биде и сега на „Камп Ноу“.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.89)
1925 Цирих – Грасхоперс (16:30 ч.)
Поминаа 12 кола во Швајцарија, а Цирих уште нема ниедна победа (шест реми и шест порази), па дуелот со Грасхоперс е посебен за нив. Доколку Цирих сега не успее да слави, ќе го бетонира на дното на табелата.
Во последните три и пол години овие два клуба имаат одиграно седум средби и сите завршувале со погодоци во двете мрежи односно со „гол-гол“ варијанта.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.01)

