Фали Рамадани е еден од најзаслужните за трансферите на Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона и некој ден потоа и на Лерој Сане од Манчестер сити во Баерн.
Човекот кој е роден во Тетово во овој милениум е еден од водечките фудбалски менаџери на планетата, а тоа го потврди и со овие два вредни трансфери, веројатно и најскапите и најдобрите досега во летниот преоден рок.
Рамадани не сакаше многу да се експонира и во двата случаи, но фотографите го фатија на дело во друштво на Сане во ресторан во Минхен непосредно откако се реализираше преселбата на 24-годишниот германски репрезентативец од редовите на Манчестер сити во Баерн.
Во својата менаџерска агенција, Рамадани има една дузина познати светски фудбалери и има реализација на дел од најголемите фудбалски трансфери на европска почва.