Арсенал е во очајна потрага по квалитетен напаѓач по заминувањето на Обамејанг и на Лаказет, а Топчиите се подготвени да го урнат клупскиот рекорд и со понуда од 100 милиони евра да го купат францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку.
Напаѓачот на Лајпциг во контиунитет игра одлично за германските бикови, сè почесто е и стартер за репрезентацијата на Франција, со што го привлече вниманието на многу клубови во Европа.
Според „Индепендент“, челниците на Арсенал се подготвени со огромна понуда да го купат Нкунку и да го урнат клупскиот рекорд од 80 милиони евра при ангажманот на Николас Пепе од Лил.
Паралелно Топчиите работат и на трансферот на Гарбриел Жесус, чија отштета е 50 милиони евра, колку што бара шампионот Манчестер сити.