Ќе мора да игра фудбалерот што најави заминување – Реал остана без десен бек, по Карвахал се повреди и Одриозола

Реал Мадрид има големи проблеми пред дуелот со Леванте во недела, а остана без тандемот десни бекови Карвахал и Одриозола.

Даниел Карвахал има повреда на коленото, поради која нема да може да игра околу два месеци. Ова значи дека тој сигурно ќе го пропушти „Ел Класико“ против Барселона на 25-ти октомври.

На истиот меч против Валјадолид пред четири дена се повреди и Одриозола, алтернативата за Карвахал на десната бековска позиција, па и тој сигурно нема да игра во недела против Барди и соиграчите од Леванте.

Алтернатива за нив двајца ќе биде шпанскиот репрезентативец Начо, кој најави заминување од клубот, но сега ќе мора да помогне да се прегрмат тешките предизвици во октоммври.

Леванте игра одлично и ќе биде вистинска закана за ослабениот гигант, а потоа Зинедин Зидан ќе треба да бара чаре и за дуелите со Кадис, Шахтар и за Ел класико со Барселона, што ќе се игра на 25. октомври.

 

- Оглас -

Најнови вести