Шпанија веќе може да размислува за осминафиналето, но секако дека ќе сака хрупната фаза да ја заврши со уште една победа против Албанија. За Албанија единствена шанса да оди во нокаут фазата е да слави над Црвената фурија, што е малку веројатно, посебно ако се знае квалитетот на двата тима, но и традицијата.
Овие две селекции имаат одиграно вкупно осум меча и во сите осум победи Шпанија. Последен пат се сретнаа пред две години на пријателска средба, а фаворитот славеше со 2:1.
Факт е дека Албанија во првите две средби од групната фаза против Италија и Хрватска, прва постигнуваше гол, а потоа динамиката на играта се намалуваше. За било кој од албанските фудбалери да го постигне првиот гол, квотите се двоцифрени, а во понудата се Манај, Асани и Сефери.
Јасно е дека Шпанија ќе ја има контролата на топката, ќе доминира на теренот, ќе треба да има повеќе шутеви, повеќе изведени корнери, но останува фактот дека статистиката не секогаш е најважна за конечниот резултат.
Сепак, статистиката е важна за Специјалниот сингл бидејќи во понудата има голем број на статистички игри како што се бројот на изведени корнери, бројот на направени фаули или доделени жолти картони, како и бројот на шутеви кон противничкиот гол.