38.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Ќе може ли Јувентус да среди „седмица“ против денешниот ривал?

Јувентус полека но сигурно ги користеше киксовите на ривалите и сега е на четвртото место на табелата, со можност дури и да се вклучи во трка за титулата. Старата дама денеска ќе има голем превизвик на гости кај Сампдорија.

Во 14 меча на свој терен, Сампдорија има само четири победи и е една од послабите екипи кога игра пред домашните навивачи. Кога се работи за дуелите против Јувентус, гигантот од Торино доминира. Старата дама победи на последните шест меча против Сампдорија и тоа најчесто се мечеви со повеќе голови.

Јувентус е фаворит за седми триумф во низа против Сампдорија, но гостите имаат големи проблеми околу составот. Поради најразлични причини ќе ги нема Бернардески, Бонучи, Кјелини, Киеза, Дибала, Мекени и Квадрадо. Сепак, ако сака најтрофејниот италијански тим да се приклучи кон Топ 3, едноставно мора да освои три бода.

ПОСЛЕДНИ ШЕСТ МЕЧА НА САМПДОРИЈА И ЈУВЕНТУС

18.01.2022 Јувентус – Сампдорија 4:1

26.09.2021 Јувентус – Сампдорија 3:2

30.01.2021 Сампдорија – Јувентус 0:2

20.09.2020 Јувентус – Сампдорија 3:0

26.07.2020 Јувентус – Сампдорија 2:0

18.12.2019 Сампдорија – Јувентус 1:2

 

- Оглас -

Најнови вести