Јаго Кариелјо Рибеиро е казнет со досега невидена парична глоба само од 21 евро за недоличното однесување кон навивачите на Виторија Гимараиш.
Бразилецот беше стрелец на победничкиот гол за Портимоненсе во 88-мата минута за триумф од 2:1, а потоа го зеде корнер-знаменцето и симулираше стрелање на гостинските симпатизери.
Беше поведена дисциплинска постапка против него и одлучено е да биде казнет само со 21 евро, казна што е веројатно најмалата парична глоба во историјата на фудбалот.
Гестот не им легна добро на навивачите на Гимараиш, кои збеснаа, па фрлаа тврди предмети на терен.
И тие ќе бидат казнети, односно клубот, бидејќи има дисциплинска постапка и против нив.
Yago Carellio scores and pretends shoot Vitoria SC fans with the corner flag. from soccer
Мечот се играше во Портимао и интересно е дека на трибините според португалските медиуми, имаше повеќе навивачи на гостите од Гимараиш.