Лионел Меси ќе има што да каже утре, пред финалето во Копа дел Реј со Валенсија, а Аргентинецот за првпат по пауза од 4 години ќе се појави на прес-конференција на Барселона.
За последен пат гласот на најдобриот фудбалер на Барса се слушна во 2015 година, по полуфиналето во Лигата на шампионите со Баерн.
Каталонците ќе имаат дрим-тим на утрешната средба со новинарите, а со Меси на неа ќе присуствуваат и Жарарт Пике и тренерот Ернесто Валверде.
Мечот против Валенсија за пехарот во шпанскиот куп ќе се игра во сабота, од 21 часот, во Севилја на стадионот на Бетис „Бенито Вилјамарин“.