Шпанскиот стручњак Микел Артета, смисли необичен начин на мотивација на своите фудбалери, користејќи една сијалица.
Во еден документарец посветен на минатата сезона, има снимка како Артета во соблекувалната со помош на една сијалица, пробува да ги мотивира своите пулени. Пред мечот со Брајтон во април, Артета ги собра играчите околу себе, ја запали сијалицата, и бараше од фудбалерите да креираат енергија и електрицитет.
„Томас Едисон ја измисли сијалицата. Денеска сакам да видам тим кој е поврзан, бидејќи сијалицата сама по себе не е ништо. Сакам да видам екипа во која играчите се поврзани, и екипа која свети. На вашите соиграчи сакам да им пренесете светлост, енергија и страст. Кога играме поврзано, ќе се поврземе и со 60.000 навивачи кои создаваат повее енергија. Електрицитетот низ топлината создава светлост и живот. Излезете на терен, запалете го светлото и играјте фудбал. Ајде“ – им вели Артета на играчите.
Оваа бизарна мотивација беше неуспешна и без ефект, бидејќи после говорот на Артета, Арсенал излезе на терен и загуби од Брајтон со 1-2, во еден од клучните киксеви поради кои тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите.