Ќе паузира и Спортската прогноза поради Коронавирусот

Во тек е 27-мото коло на Спортска прогноза кое можете да го одиграте до утре до 16 часот, а потоа и популарната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life ќе биде во мирување во следните две седмици.

Поради Коронавирусот, грото првенства во Европа се одложени или се пред одложување, што не принуди и нас да ја стопираме Спортската прогноза за извесно време.

Тековното коло во кое двојките се одредуваат во вторник, за жал, ќе има доста одложени натпревари, но секако можете да го типувате и потоа да очекуваме сите заедно брзо да се нормализира состојбата со Коронавирусот и играта да продолжи во својата втора сезона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести