22.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Ќе полни 84 години, но уште е активен на теренот, бара нов клуб

Не случајно се вели дека фудбалот е најважна споредна работа во светот. Од Англија стигнува приказна за дедо кој фудбалот му е љубов од која не сака да се откаже. Дики Бортвик е дедо кој следниот месец ќе полни 84 години и уште е активен на теренот.

Бортвик е познат како најстариот фудбалер во Велика Британија и уште не планира да се откаже од аматерското играње. Моментно е без ангажман, но активно бара нов клуб. Вели дека нема намера да се откаже и дека се чувствува подготвен да одигра 90 минути.

„Достапен сум им на сите клубови. Многу ми недостасува што периодов не сум активен на теренот. Се чувствувам подготвен да одиграм 90 минути без проблем. Наредниот месец ќе го славам 84-тиот роденден и желба ми е да пронајдам нов клуб“, вели дедо Дики.

Бортвик кариерата ја започнал во далечната 1948 година, што значи дека повеќе од 70 години е активен на теренот. Дури 40 години има настапувано за еден локален клуб. Вкупно во 1600 меча во кариерата има дадено повеќе од 400 голови. Имало периоди во кои Дедо Дики имал и здравствени проблеми, а најголема победа ја има забележано кога успеал да го понеди ракот.

- Оглас -

Најнови вести