Реал Мадрид ќе го продолжи фудбалското потрошувачко лудило и според англиските медиуми е подготвен да му плати на Челзи 100 милиони евра и плус да го испрати Џејмс Родригес на „Стемфорд бриџ“ за Н’голо Канте.
Колумбискиот репрезентативец Родригес е проценет на 60 милиони евра, па пазарот би бил 100 милиони на сметка на лондонскиот клуб и плус играчот да биде испратен на „Стемфорд бриџ“.
Летово Реал Мадрид веќе плати стотка во милиони евра за Еден Азар, уште еден играч на Челзи, кој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.
Засега рекорден е трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен со вредност од 220 милиони евра, а зад него е неговиот соиграч Килијан Мбапе со 180 милиони евра што Светците му ги платија на Монако за да го доведат во своите редови.
Ако се реализира трансферот на Канте, тој би бил на третото место на вечната листа со вкупен износ од 160 милиони евра, 100 од нив во пари и 60 милиони колку што на трансфер-пазарот вреди Родригес.