Ќе пукне „бомба“ во Мадрид: Реал подготвува светски рекорд за Мбапе

Во шпанската престолнина ќе одекне експлозија која ќе го стресе Стариот Континент. Реал Мадрид подготвува рекордна понуда за Килијан Мбапе од неверојатни 400 милиони евра. Флорентино Перес ќе оди „ол-ин“ за француската супер ѕвезда во обидот да го засили тимот на Зинедин Зидан.

Шампионските амбиции дефинитивно ќе се зголемат со доведувањето на експлозивниот голгетер на Триколорите и ПСЖ. Мбапе несомнено има квалитет и способност да биде „новиот“ Кристијано Роналдо за 13-кратниот европски првак. Со трансфер-планот, кој е најавен за летото 2020 година, Реал и Мбапе ќе го урнат рекордот на Нејмар од 222 милиони кога се пресели во редовите на ПСЖ.

Мбапе моментално има договор со Светците до 2022 година и е втор најплатен играч во тимот по Нејмар, додека управата на клубот се обидува да го врзе со нова соработка на подолг период.

- Оглас -

Најнови вести