Ќе пукне нова „петарда“ во Минхен, играчите на Бенфика не сакаат пак да бидат тепани

Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт (20:45 ч.)

Меч со голем влог затоа што победникот ќе обезбеди место во финалето на Купот на Германија. Баерн е во неверојатна форма и во 2020 година има биланс од 15 победи и само едно реми во 16 средби. Баварците славеа на последните 11 дуели во сите натпреварувања и сигурно главен мотив им е покрај трофејот во првенството, да се радуваат и во Купот.

Ајнтрахт е тимот кој сезонава е единствен што може да се пофали дека му даде пет гола на Баерн (славеше со 5:1 во првиот меч сезонава), но најтрофејниот германски клуб се реваншираше во Минхен, и тоа пред 20-тина дена, кога победи убедливо со 5:2. На четири од последните пет меча има барем по пет погодоци, а просекот од пет погодоци на меч е запазен во последните седум дуели на овие клубови.

Предлог тип: 5+ (2.38)

 

Портимоменсе – Бенфика (20:15 ч.)

Бенфика гостува кај вториот најслаб тим во лигата, па гигантот ќе мора да се „извади“ за киксот во претходното коло, кога на свој терен одигра без голови против слабата Тондела. По тој меч, играчите на Бенфика беа нападнати од сопствените навивачи кои негодуваа поради начинот на игра и залагањето на фудбалерите. Во нападот беа повредени двајца играчи на Бенфика.

Гигантот од Лисабон е во мртка трка со Порто за титулата. По 25 меча, двата тима имаат по 60 бодови, па Бенфика веќе не смее да си дозволува киксови.

Предлог тип: 2 (1.45)

 

Партизан – Црвена ѕвезда (20 ч.)

Дербито на денот се игра во Белград меѓу вечните ривали Партизан и Црвена ѕвезда. Тоа е дуел од полуфиналето на Купот. Се игра еден меч и затоа влогот е голем. Кога се игра белградското дерби, секогаш има многу калкулации. Двата тима најчесто играат претпазливо и најважно е да не се прими гол.

На 11 од последните 14 меѓусебни средби немало повеќе од два гола, што само е потврда дека не би требало да има многу погодоци на стадионот на Партизан.

Предлог тип: 0-2 (1.72)

 

Кајзерслаутерн – Дуисбург (20:30 ч.)

Меч од третата германска лига која моментно е најнеизвесна во светот затоа што за пласман во еден ранг погоре реални шанси имаат првите 10 екипи на табелата. Дуисбург е лидер со 51 бодови, а Мепен, кој заостанува само пет бода, е на десетото место.

Кајзерслаутерн, кој е домаќин на лидерот, е една од екипите експерти за реми. Сезонава на свој терен Кајзерслаутерн има дури девет нерешени во 14 дуели. Дуисбург ги загуби последните три средби и реално е нестабилен. Карактеристично е дека двете екипи даваат и примаат повеќе голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

Пакс – Ференцварош (21:05 ч.)

Гостите се први фаворити за титулата, додека главна цел на Пакс е да се спаси од испаѓање. Ференцварош и кога игра на гости, најчесто победува, а Пакс е солиден на свој терен. Интересно е што овие екипи одиграа пријателски меч пред неполн месец како подготовка за посткоронавирус ерата.

На последните четири првенствени дуели Ференцварош е убедлив и има по две победи со 4:0 и две победи со по 3:0. Фактот дека на стадионот на Пакс ќе има лимитиран број гледачи, треба да му даде дополнителен мотив на гостите да победат и да бидат само чекор поблиску до титулата.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

- Оглас -

Најнови вести