Ќе пукне од мака: Омилениот автомобил на Роналдо заврши во бетонски ѕид (фото)

Работник на имотот на Кристијано Роналдо во Мајорка го оштети омилениот автомобил на Португалецот вреден 2,1 милион евра.

Луксузниот супер-автомобил „бугати вејрон“ заврши во бетонски ѕид во непосредна близина на вилата на Роналдо, по што се утврдени огромни штети. За среќа, работникот не претрпе повреди, но засега останува непознато како ја загубил контролата врз воланот.

Поправката на штетата сигурно ќе биде скапа бидејќи овие автомобили се во ограничени количини.

- Оглас -

Најнови вести