Ќе се гледа Премиер лига и во Северна Кореја, ама според специфични правила

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун одлучил да им дозволи на граѓаните на неговата земја да ја следат англиската Премиер лига, но под одредени ограничувања. Натпреварите нема да бидат пренесувани во живо, туку само во снимки, а постојат специфични правила што треба да се почитуваат.

Едно од тие правила е дека нема да биде пренесуван цел натпревар, туку само 60 минути од играта. Исто така, сите англиски текстови прикажани на стадионот ќе бидат покриени со севернокорејска графика.


Покрај тоа, сите снимки на кои се појавуваат јужнокорејски фудбалери ќе бидат отстранети, вклучувајќи ги играчите како што се Хјонг-мин Сон (Тотенхем), Ким Џи-су (Брентфорд) и Хван Хи-чан (Вулверхемптон).

- Оглас -

Најнови вести