Ќе се игра ли дербито на Северен Лондон? Арсенал бара одложување, Тотенхем се налути

Едно од најголемите дербија во Англија, меѓу Тотенхем и Арсенал во Северен Лондон може да биде и одложено поради барањето на популарните Топчии.

Арсенал побара од ФА мечот што треба да се игра во недела од 17.30 часот да биде одложен поради тоа што тимот има многу проблеми со отсутни играчи поради Ковид-19 и повреди, а во таборот на Тотенхем се налутија.

Спарс велат дека сега е доцна да се бара одложување на дербито, на помалку од 48 часа до почетокот, а Арсенал со соопштение објасни зошто бараат мечот да се пролонгира.

„Принудени сме на ваков чекор, бидејќи имаме премногу отустни играчи поради Ковид, повреди и настап на Африканскиот куп на Нации. Имаме само 12 здрави фудбалери што е премалку за да се игра мечот“, образложија Топчиите.

Веќе е одложен еден меч од 22. коло во Премиерлигата и Барнли и Лестер нема да играат утре од 16 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести