Карим Бензема повторно не издржа на тренинг на Реал Мадрид и сега неговиот настап за Франција на Мундијалот во Катар е неизвесен.
Најдобриот фудбалер за 2022 година со наградата Златна топка очекува да биде на списокот со 26-темина фудбалери на Дидие Дешамп, но сега и тоа е неизвесно.
„Не е ништо страшно. Карим се обиде денеска да тренира, но не можеше“, изјави Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид.
Бензема се мачи со повредата на бутниот мускул и паузираше на три меча за Реал.
Се врати на теренот за дуелот со Селтик во Лигата на шампионите, како резерва одигра 28 минути и пак не настапи веднаш потоа.
Најдобриот фудбалер на планетата не беше во составот на Реал за градското дерби со Рајо Валјекано што Кралевите го загубија со 3:2, а и сега не тренира.
Ако не биде фит за настап на Мундијалот во Катар, тоа ќе биде голем удар за Франција.
Светскиот првак веќе остана без Погба и Канте, а нема да игра и Нмеха, па отсуството и на Бензема ќе биде тежок удар за амбициите на Триколорите да ја одбранат светската круна од Русија 2018.