Ќе се игра ли некогаш? Де Лаурентис бара ново одложување на мечот Јувентус – Наполи

Сагата со дерби-дуелот меѓу Јувентус и Наполи како да нема крај, а сега ново одложување бара сопственикот на Наполитанците, Аурелио де Лаурентис.

Мечот оригинално требаше да се игра на 4 октомври лани, но Наполи не отпатува за Торино поради забрана во областа Кампања за напуштање на територијата во услови на пандемија со корона-вирус.

Фудбалската федерација на Италија, ФИГЦ, првично не го прифати објаснувањето на Наполитанците и одлучи да му ја додели борбата на Јувентус со службен резултат, но по жалбата на Наполи, судот во Италија одлучи да се игра мечот во некој нов термин.

ФИГЦ објави дека натпреварот треба да се игра на 17 март и ќе се држи до таа одлука, но сега на контроверзниот сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис, не му одговара тој термин, па гостите бараат ново пролонгирање.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести