32.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Ќе се повтори ли историјата? Реал беше шампион кога Барса последен пат загуби дома со пресврт

Барселона вчера наместо да избие на првото место на табелата, претрпе шокатен пораз на домашен терен со 1-2 против Гранада, иако тимот на Роналд Куман водеше минимално со голот на Меси во првото полувреме.

Пораз со „кец во два“ на „Камп ноу“ не е виден од мај 2008 година, кога Каталонците предводени од Френк Рајкард загубија со 2-3 од Мајорка во претпоследното колоод сезоната 2007/08, по кое ја препуштија титулата на Реал Мадрид. Барса водеше на полувремето со голот на Анри, во 57-та минута на 2-0 зголеми Ето, но до крајот Мајорка головите на Валеро, Вебо и Гиза во 90+3 минута оствари неверојатен триумф, а Каталонците на крајот завршија на третото место.

Во последните пет кола од шампионатот во Шпанија, битката за титулата не може да биде понеизвесна. Атлетико остана лидер со 73 бода, Реал и Барса имаат по 71, а со еден бод помалку ги следи четвртопласираната Севилја.

До 23 мај, за кога е закажано последното 38 коло во Ла Лига, ќе се знае дали историјата ќе се повтори во корист на Кралевите, а против Барселона.

- Оглас -

Најнови вести