Ќе се повтори ли сценариото од 2020 година? Наполи и Елмас пак нема да патуваат за Торино на меч со Јувентус

Наполи повторно е во идентична ситуација како во октомври 2020 година и можно е пак да не патува за Торино, за дуелот со Јувентус закажан за утре од 20.45 часот.

Објавено е дека фудбалската експедиција на Наполитанците, во која треба да е и Елиф Елмас по негативниот тест на ковид-19, има закажан лет за Торино во 16 часот денеска.

Но, поради големиот број заразени играчи, Наполитанците очекуваат да добијат забрана за патување, нешто што се случи и во октомври 2020 година, во случај што предизвика многу реакции.

Комисијата задолжена за пандемијата со ковид-19 во областа Кампања тогаш и буквално ја врати експедицијата на Наполи од пат кон Торино.

Мечот првично беше регистриран со службен резултат од 3:0 за Јувентус, но по жалбата на Наполи, сепак мечот се играше подоцна.

Еден натпревар од 20-тото коло во Италија што комплетно треба да се одигра утре е одложен, а во Салерно нема да играат Салернитана и Венеција. Домашната екипа има дури 10-мина позитивни на тестирањето за ковид-19 и целата екипа е испратена во карантин.

 

- Оглас -

Најнови вести