Ќе се разбудат ли премиерлигашките ѕвезди во англискиот состав?

Во составот на англискиот селектор Герет Саутгејт за Европското првенство има 26 играчи, од кои дури 24 настапуваат во клубови во домашната Премиер лига, а само двајца се интернационалци кои играат во странство.

Англија е една од селекциите кои имаат најмногу играчи од домашните клубови, но засега нема голгетерски придонес од премиерлигашките фудбалери. Сите четири голови кои ги даде Англија досега на ЕП во Германија, беа дело на Хари Кејн од Баерн Минхен и Џуд Белингам од Реал Мадрид, двајцата постигнаа по два гола.

Фил Фоден, Букајо Сака, Кол Палмер, Оли Воткинс, Иван Тони, се одлични офанзивци, но не го покажуваат тоа во националниот тим, а некои од нив не ни добиваат шанса од селекторот и заковани се за клупата за резерви.

Мечот со Швајцарија е можност некој од нив да покаже дека Англија не се само Кејн и Белингам и не смее да се потпираат само на нив, во спротивно, Англичаните може да си заминат дома побрзо од желбите и очекувањата.

- Оглас -

Најнови вести