Ќе се разиграат Мичел и Оладипо, а има и три минуси

8484 Серж Ибака (Атланта хокс – ЛА клиперс, 01:30ч)

Искусниот крилен центар на Клиперс е познат по тоа дека не може во континуитет да го надминува својот просек во поени, па откако во претходните два меча реализира по 17 поени, сега од Ибака се очекува да биде поскромен против Атланта.

Клиперси ќе играат без двете главни ѕвезди Ленард и Џорџ, но и Атланта нема да смета на носителите Јанг и Капела, па иако тоа значи дека е оставен простор за останатите играчи да блеснат, Ибака нема да биде еден од нив.

Предлог тип: Ибака <15,5 поени (1.85)

 

8490 Виктор Оладипо (Хјустон рокетс – Вашингтон визардс, 02ч)

Оладипо по сите изгледи ноќеска ќе настапи во дуелот против Магионичарите, иако беше неизвесен поради повреда. Новата ѕвезда на Хјустон добро ја почна кариерата во Тексас со просек од 22,3 поени по натпревар, што воедно е границата која се бара за овој меч.

Иако уште се адаптира на играта покрај Џон Вол, Оладипо ќе биде биде мотивиран во добро светло да се врати на терените откако паузираше во преходната средба на Ракетите.

Предлог тип: Оладипо >22,5 поени (1.90)

 

8498 Бредли Бил (Хјустон рокетс – Вашингтон визардс, 02ч)

Бил ќе биде мотивиран да пружи добра партија во својата прва средба против поранешниот соиграч Џон Вол, но се чини дека ѕвездата на Вашингтон нема да го надмине учинокот од 35 поени.

Бредли и тоа како знае да одигра маестрално и да погоди дури 60 поени како што беше во Филаделфија, но сега ќе има адекватни противници во Вол и Оладипо кои ќе направат сè  за да го спречат.

Предлог тип: Бил <34,5 поени (1.90)

 

8528 Донован Мичел (Јута џез – Њујорк никс, 03ч)

Њујорк е многу поквалитетен во однос на минатите години, но тоа нема да го спречи Мичел да диригира на паркетот и да биде човекот од одлука во оваа средба.

Потребни му се повеќе од 25 поени за да биде погодена нашата прогноза, учинок кој ѕвездата на Џезерите многупати ја остварила оваа сезона. Дополнителна мотивација на Мичел ќе му биде фактот што во последните две победи на Јута против Њујорк на домашен терен едвај постигнуваше по 15 поени.

Предлог тип: Мичел >25,5 поени (1.90)

 

8539 Џулиус Рендл (Јута џез – Њујорк никс, 03ч)

Рендл како носител на Никс речиси редовно го надминува својот просек во поени, но ноќеска ќе наиде на квалитетниот состав на Јута, кој е во серија од пет победи на домашен терен.

Никси имаат негативен скор надвор од „Медисон сквер гарден“, што е најава за ново разочарување, а тоа може да биде знак дека Рендл нема да погоди повеќе од 21 поен.

Предлог тип: Рендл <20,5 поени (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести