Легендарниот загрепски стадион „Максимир“ ќе биде урнат, а ќе се гради нов стадион на кој како домаќин ќе играат Динамо Загреб и Хрватската фудбалска репрезентација.
Ова денеска го најави градоначалникот на главниот град на Хрватска, Томислав Томашевиќ, кој ја отфрли можноста за реконструкција на сегашниот „Максимир“ бидејќи тоа не е исплатливо. Цели 26 години траеше имотно-правниот спор, а сега Градот Загреб конечно може да располага со целиот простор на стадионот и околу него.
Новиот стадион нема да биде државен, ќе се гради со приватни пари. Сегашниот „Максимир“ нема да биде урнат додека не се изгради новиот стадион и не се прошири оној на Локомотива, Рудеш и Загреб, а тоа е некаде во 2025 година.