Ќе се сетите ли кога Роналдо последен пат погоди од слободен удар?

Цврсто застанат со раширени нозе и фокусиран поглед кон противничкиот гол, тоа е препознатливата поза која ја завзема Кристијано Роналдо секогаш кога треба да изведе слободен удар. Португалецот кој во кариерата има освоено пет „Златни топки“ и има постигнувано многу фантастични погодоци, сепак се наоѓа во една голема криза. Веќе подолго време, никако не може да даде гол од слободен удар.

Синоќа на гостувањето кај Лион, Роналдо имаше обид од слободен удар но неговиот шут заврши во живиот ѕид сосдавен од домашните фудбалери. Педантните статистичари пресметаа дека тоа беше негов 38-ми слобоен удар во низа на кој не успеал да даде гол. Од тие 38 обиди, дури 24 пати го погодил живиот ѕид, а само 11 пати топката стигнала до противничкиот гол, но голманите секогаш имале успешни интеревенции.

Кога се работи за обидите да погоди од слободен удар во Лигата на шампиони, таму неговиот биланс е НУЛА голови од последните 25 обиди. И порај овој очаен биланс, Роналдо уште е прв изведувач на ударите од прекините за Јувентус, но сега се постави прашањето дали веќе е време некој друг да ја превземе одговорноста да шутира посебно ако се знае дека има добри изведувачи како што се Пјанич и Дибала.

Во потрага на последниот погодок кој Роналдо го дал од слободен удар во клупскиот фудбал, треба да се вратиме во 2017 година, поточно на 16 декември. Тогаш се одигра мечот во финалето на Светското клупско првенство против Гремио, Роналдо даде гол за 1:0 и ја најави победата и трофејот за Кралскиот клуб. Од тој успешен обид веќе поминаа повеќе од две години како Португалецот не успеал да погоди од слободен удар. Навистина предлого време за играч од таков калибар.

 

- Оглас -

Најнови вести