-0.2 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Ќе се слави титула во Њујорк или Сан Антонио, вечерва е финалето на НБА-купот

Во 2 часот по полноќ во Лас Вегас почнува финалето на НБА-купот во кое ќе се сретнат Њујорк никс и Сан Антонио спарс. По Лос Анџелес лејкерс и Милвоки бакс, се бара третиот победник во ова натпреварување. Ќе се доделува и пехар, па веројатно ќе има и прослава и парада како за шампионската титула.

Никси се фаворити, тие во своите редови ги имаат Џејлен Брансон и Карл Ентони Таунс како главни адути, додека Спарс ќе чекаат чуда од Виктор Вембањама.

Њујорк е во подобра форма, има само еден пораз на последните десет меча во НБА, а Сан Антонио го доби последниот меѓусебен дуел во март годинава. Не е сеедно кој ќе победи. Секој играч од победничкиот тим ќе добие по 500.000, а од поразениот тим по 200.000 долари.

Во Sport Life има листа од 13-мина кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат.

- Оглас -

Најнови вести