Баерн Минхен подготвува големо изненадување и сака да го врати во своите редови 38-годишниот ветеран Франк Рибери. Човекот кој освои 9 титули со Баварците во Бундеслигата и еднаш беше првак со Баерн и во Лигата на шампионите повторно е интерсен за најтрофејниот германски клуб.
Германските медиуми објавија дека претседателот на Баерн, Оливер Кан е главен иницијатор за кам-бек на Рибери и се очекува да биде испратена понуда до Фиорентина.
Рибери е една од големите ѕвезди во историјата на клубот за кој играше од 2007 до 2019 година и успеа да освои неверојатни 23 пехари во различни натпреварувања.
Францускиот ас пред две години се пресели во Калчото и игра за Фирентина.